Обетките кои Мерлин Монро ги носела на филмската премиера „Тетовирани рози“ во Холивуд 1955 година се продадени на аукција за 185 илјади долари. Купувачот на обетките бил странски колекционер.

Продадени биле во рамките на дводневната продажба на холивудски меморијабли на аукциската куќа Џулиенс. Запалката која ја користел Хемфри Богарт продадена е за 19.200 долари, додека Понтијакот од 1986 на дејвид Хаселхоф отишол за 152.600 долари.