Во тек се обемни интервенции на комплексот Робевци, информираат од НУ Завод и Музеј Охрид.  Посочуваат дека во моментов се работи на санација на помошните објекти односно „магаза“ согласно одобрената Годишната програма од страна на Министерството за култура за реализација на проекти од заштитата.

Се отпочна со реконструкција и адаптација на помошниот објект до Магаза која е во склоп на музејскиот комплекс „ Куќата на Робевци“. Предвидени се одредени итервенции и отпочнато е со промена на кровот и кровниот покривач, промена на оштетените греди и нивно појачување, исто така се постави нов под од гранитни плочи. На објектот ќе се работи и наредниот приод односно ќе бидат санирани внатрешните ѕидни платна како и промена на надворешнта столарија и освежување на фасадата во бела боја, велат.

Сите овие зафати, додаваат од НУ Завод и Музеј Охрид ќе бидат реализирани во најкраток можен рок, во насока на подобрување на функционалоста на помошниот објект кој служеше за депо на археолошки наоди.

OhridNews