Развивање на одрлжлив еко-туризам и унапредување и заштита на животната средина е целта на проектот „Патеки на откривање” кој го спроведува здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на општина Дебрца. Проектот е целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија.

Со проектот чија имплеметација е во тек ќе се овозможи маркација и унапредување на планинските велосипедски патеки во општината, информираат од Општина Дебрца.

Општината, додаваат во соопштението, располага со уникатни живописни планински предели кои се предуслов за развој на алтернативните форми на туризам како и развојот на планински велоспиедизам.

OhridNews