Студениот бран од север драстично ги намали температурите во земјава, а на повисоките планини падна првиот снег. Се очекува и денеска да дува силен ветер кој на моменти ќе достигне брзина и до 100 километри на час, а врнежите од дожд на повисоките места да поминат во снег.


Заладувањето ќе придонесе минималните температури на одредени места да паднат под нулата. Во Охрид денеска ќе преовладува променливо облачно време, а максималната дневна температура ќе се движи до 10 степени Целзиусови.

Ohridnews