Стратегијата на Обединетото кралство предвидува нулта емисии на штетни гасови до 2050 година. Истакнува мерки за транзиција кон зелена и одржлива иднина, помагајќи им на бизнисите и потрошувачите да се префрлат на чиста енергија, поддржувајќи стотици илјади добро платени работни места и искористувајќи до 90 милијарди фунти приватни инвестиции до 2030 година

Намалувањето на зависноста на Обединетото Кралство од увезените фосилни горива ќе ги заштити потрошувачите од глобалните скокови на цените со зголемување на чистата енергија. Ова, како што информира Британската амбасада во Скопје, е најавено во пресрет на подготовките на Обединетото Кралство кое ќе биде домаќин на самитот на ОН COP26 следната недела, каде што премиерот ќе ги повика другите светски економии да изготват сопствени национални планови за намалување на емисиите.

Историската стратегија за нулта емисии која утврдува како Обединетото Кралство ќе обезбеди 440.000 добро платени работни места и инвестиции од 90 милијарди фунти во 2030 година, на нејзиниот пат за давање на придонес кон климатските промени до 2050 година, беше обелоденета деновиве од владата на Обединетото Кралство.

Врз основа на Планот од 10 точки на пританскиот премиер, стратегијата за нулта емисии на Обединетото Кралство поставува сеопфатен економски план за тоа како британските бизниси и потрошувачи ќе бидат поддржани во транзицијата кон чиста енергија и зелена технологија-намалување на британската зависност од фосилни горива преку инвестирање во одржлива и чиста енергија во Обединетото Кралство, намалување на ризикот од високи и нестабилни цени во иднина и зајакнување на нашата енергетска безбедност.

  • Стратегијата опфаќа дополнителни 350 милиони фунти од нашата заложба до 1 милијарда фунти за поддршка на електрификација на возилата во Обединетото Кралство и нивните ланци за снабдување и уште 620 милиони фунти за целни грантови и инфраструктура за електрични возила, особено локални улични пунктови за станбени населби, со планови за вклучување на илјадници автомобили и комбиња со нулта емисија на штетни гасови на патишта во Обединетото Кралство преку мандат за возила со нулта емисија на штетни гасови.Исто така, работиме и на отпочнување на комерцијализацијата на одржливото воздухопловно гориво (SAF) направено од одржливи материјали како што се секојдневниот отпад од домаќинствата, димните гасови од индустријата, издвоениот јаглерод од атмосферата и вишокот електрична енергија, кои произведуваат над 70% помалку емисии на јаглерод од традиционалното авионско гориво врз основа на животниот циклус. Нашата амбиција е да овозможиме испорака на 10% SAF до 2030 година и ќе ја поддржуваме индустријата во Обединетото Кралство со средства од 180 милиони фунти за поддршка на развојот на погони во Обединетото Кралство за SAF. – стои во информацијата.

Исто така, предвидена е шема за поддршка на индустриските приходи и приходите од водород од 140 милиони фунти за забрзување на индустриското издвојување на јаглеродот и водородот, дополнителни 500 милиони фунти за иновативни проекти за развој на зелените технологии на иднината, со што вкупното финансирање за истражувања и иновации со нулта емисија ќе достигне најмалку 1,5 милијарди фунти, како и   3,9 милијарди фунти ново финансирање за декарбонизација на греењето и зградите.

Стратегијата предвидува и поттик од 124 милиони фунти за фондот „Природата за климата“, за обновување на околу 280.000 хектари тресет во Англија до 2050 година и тројно создавање на шуми во Англија, односно најмалку 30.000 хектари шума годишно во Обединетото Кралство до крајот на мандатот на актуелниот парламент. 120 милиони фунти се предвидени за развој на нуклеарни проекти.

Од Планот во десет точки, 26 милијарди фунти се владини капитални инвестиции за зелената индустриска револуција, на што ќе се придодадат повеќе од 5,8 милијарди фунти странски инвестиции во зелени проекти. Се очекува преку мерки за енергетска ефикасност, падот на трошоците за обновливите извори и друго, мерките во стратегијата предвидуваат дека сметките за енергија на луѓето ќе бидат пониски до 2024 година.

  • Сега кога сме на прагот на големиот климатски самит COP26, Стратегијата на Обединетото Кралство за нулта емисијата дава пример за другите земји за зелена реконструкција во битката која ја предводиме кон постигнување на нулта емисии. Ги поддржавме институциите во Северна Македонија во развивањето на Националната стратегија за енергија и планот за нејзината имплементација, кој го одредува националниот пат за транзиција кон зелена енергија. Ќе продолжиме да работиме заедно кон одржлив развој и зголемена транзиција кон производство на зелена енергија. – рече Амбасадорката Рејчел Галовеј.

OhridNews