На кино репертоарот  на Центарот за култура денес и во наредните два дена е филмот „ Обединети Страсти”, во режија на Фредерик Аубуртин, а во главните улоги се Тим Ротх и  Жерард  Департје.

Група страствени европски бунтовници ги здружува силите како би покренала амбициозен проект: Меѓународната федарација на фудбалски асоцијации(ФИФА). Ова е епска, нераскажана приказна која ја оживува инспиративната сага за Светското првенство…Вонвременска сторија која ја слави играта која не е само светски познат спорт, туку и единство на надежта и тимскиот дух.

Почеток на проекциите е во 20 часот, влез 50 денари.

OhridNews