Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) бара засилување на соработката помеѓу двете земји, особено во сферите на економијата и културата,

Според директорот на ОМД за Австралија, Ордан Андреевски поблиски врски може да се постигнат со назначување на  македонски дипломат во Нов Зеланд, како на пример, генерален Конзул на Република Македонија во Нов Зеланд.  Овој дипломат би можел да ги негува односите меѓу владата на Република Македонија и македонската заедница во Нов Зеланд, а воедно би злужел и како мост помеѓу двете земјим додава Андреевски.
 
-Нов Зеланд има силна економија и растечко влијание во Азискиот регион, и затоа важи за многу важна држава во јужниот Пацифик како и во Обидинетите Нации. За жал, Нов Зеланд сеуште ја нема признато Македонија под нејзиното уставно име и сеуште нема целосно дипломатско  преставништво во Македонија. Ова е исклучително разочарувачки и мора да се промени, истакна Андреевски.

Во моментов, Македонската амбасада во Канбера е одговорна и за Нов Зеланд, но е без шеф на мисија од декември 2011 година.

ОМД, исто така, го повика министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Мареј МекКали, во блиска иднина да назначи амбасадор на Нов Зеланд во Макодонија.

OhridNews