Обдукцијата на Ејми Вајнхаус наскоро би можела да биде прогласена за неважечка, бидејќи лекарката која ја извршила процедурата, Сузан Гринвеј, не била доволно школувана за таква задача. Обдукцијата на покојната пејачка била направена токму од оваа лекарка која се наоѓа на сред скандал. Имено, Сузан не ги задоволувала сите услови за правење обдукција, бидејќи во Австралија завршила само медицинско училиште, а по британскиот закон морала да одработи уште пет години пракса во лекарска ординација.

Интересно е и тоа што на таа функција ја именувал ни помалку ни повеќе, туку нејзиниот сопруг. Откако било откриено дека таа нема квалификации за извршување на својата работа, сите дијагнози кои ги поставила сега под лупа на обвинителството, а една од нив е и онаа на Ејми Вајнхаус. Затоа извештајот може да се прогласи за неважечки, а семејството на Ејми веќе контактирало адвокати и бара поништување на обдукцијата и брза реализација на нов увид.