Лутите ривали Тотенхем и Арсенал ги поделија бодовите во битката за северен Лондон ремизирајќи 1-1 во дербито во рамките од 29-та рунда во Премиер лигата.
„Петлите“ до бод стигнаа со гол од белата точка на кој претходеше офсајд позиција која првиот асистент на главниот судија Ентони Мејсон не је забележа. Егзекутор на пеналот беше Хари Кејн. Водство за гостите на хартија донесе Арон Ремси во 17-та минута од натпреварот. „Меч топка“ имаше Пјер Америк Обамејанг, кој не реализираше пенал во судиското продолжение.
Да има од се по нешто во дербито се погрижи фудбалерот на Арсенал, Лукас Тореира кој доби директен црвен картон за стартот со две нозе над Дени Розу.
Ремито од дербито најмногу оди во прилог на Манчестер Јунајтед и Челси кои допрва ќе ги одиграат своите мечеви од 29-та рунда во Премиер лигата.
OhridNews