Дека линијата помеѓу херој и трагичар е тенка, на своја кожа осети голгетерот Пјер Америк Обамејанг на дуелот од Лигата на Европа помеѓу Арсенал и Олимпијакос. Капитенот на „топчиите“, во дополнителните продолженија две по 15 минути постигна прекрасен погодок и изедначи на 1-1. Во меѓувреме Олимпијакос погоди за ново водство 1-2, а шансата на мечот ја имаше Обамејанг кој реагираше почетнички. Ако Обамејанг ја реализираше приликата, Арсенал ќе ремизираше и ќе избегнеше срамна елиминација.
Погодокот и промашувањето на Обамејанг.
- Незнам како успеав да ја промашам шансата. Се чувствувам многу лошо. Може да се случи да се промаши, но онаква прилика не смеев. Бев уморен, имав грчеви, но ништо не е изговор за моето промашување. – изјави после мечот Обамејанг.
OhridNews