Изразот „You’re so Obama“ (Баш си Обама) речникот УКЛА Сленг го наведува како жаргонски синоним за „You’re so cool“ (Баш си кул)!
Американскиот претседател Барак Обама добил свое место во шестото издание на речникот со жаргони “УКЛА Сленг“ кој американскиот универзитет го издава на секои четири години.
Речниот со сленгови вклучува нови зборови, дефиниции, делови од говорот, примери, и белешки за етимологијата и потеклото на новите изрази, вели професорката Памела Мунро која со своите студенти внимателно ги бележи сите новини во уличниот и секојдневниот говор.
“Студентите на тој начин многу повеќе ќе научат за граматиката, јазикот и лингвистиката. Проучувајќи го жаргонот можете да научите се за говорниот јазик“, вели професорката.