Забрана на сите видови полуавтоматско оружје, рамки што собираат поголем број куршуми како и подетална проверка на потенцијалните купци на оружје, се само дел од предложените мерки на американскиот претседател Барак Обама.
Овие предлози, кои доаѓаат по зголемениот број на масовни убиства причинети од огнено оружје, во америчката јавност предизвикаа разгорување на дебатата околу овој проблем. Обама до сега потпиша 23 извршни наредби, за кои не му е потребно согласност од Конгресот. Исто така, предложено е забрана на оние видови оружје, кои во последниве неколку месеци беа користени при масовните убиства., односно куршумите кои пробиваат заштитни панцири.
OhridNews