Нејзиниот татко Џон Корпас од Грин Беј отишол да го слуша излагањето на Обама за здравствената заштита, му поставил прашање на претседателот и му спомнал дека со себе ја повел и ќерка си која не отишла на училиште само за да го види.
Корпас рекол дека се надева оти девојчето нема да има проблем на училиште поради изостанувањето на што Обама го запрашал дали сака да и напише оправдание. Насобраните се насмеале мислејќи дека се шегува, но претседателот на парче хартија напишал молба да се оправда отсуството на девојчето бидејќи била со него. Го потпишал, слегол од бината и лично му го предал на девојчето. Ученичката вели дека оправданието ќе го урами и закачи на ѕидот, а на учителката ќе и однесе копија.