Сладолед од чоколадо и ванила е еден од неколкуте руски производи кои се рекламираат со ликот на новиот американски претседател Барак Обама.На рекламата за сладоледот „Дует“ се наоѓа Обама како лик од цртан филм кој со прстите го покажува знакот за победа пред американскиот Капитол, со рускиот слоган:„Сите зборуваат за тоа:црно во бело!“.
Повеќето од посетителите на сајтовите на англиски јазик ја критикувале руската реклама. “Тоа е расизам“, изјавил некој, а друг прашал:“Дали сладоледот е еднакво невкусен како и рекламата?“
Креаторот на рекламата Андреј Губајдулин вели дека таа не е расистичка и дека Русите имаат поинаков став спрема расата во однос на западните земји. “За Русија тоа не е расизам. Забавно е, и тоа е се“, вели Губајдулин, креативен директор на рекламната агенција „Восход“. Во Русија со ликот на Обама до сега се рекламирани солариуми и белење на заби.