Легализацијата на марихуаната не е предвидена во реформите кои има намера да ги спроведе американскиот претседател Барак Обама, барем не како лек за проблемите со кои се соочува американското население.


Зборувајќи за ова прашање Обама истакна дека оваа идеја има многу приврзаници меѓу 3,6 милиони луѓе кои гласале на интернет за 100 000 прашања поставени на сајтот на Белата Куќа.

“Морам да кажам дека едно од прашањата за кои гласаа луѓето посебно привлече внимание. Тоа се однесува на можноста за легализација на марихуаната со која би се поттикнала економијата на земјата и би се отвориле нови работни места. Исто така мора да кажам и дека одговорот е не и мислам дека таа стратегија не би била добра за поттикнување на нашата економија”, истакна Обама.

Претходните денови на интернет сајтот на Белата куќа пристигнале огромен број прашања од кои 15 000 се однесувале за американската економија.