Договорот треба да го замени досегашниот СТАРТ од 1991 година за намалување на нуклеарниот арсенал на Русија и САД.
Согласно новиот договор Вашингтон и Москва ќе мора да го намалат бројот на нуклеарни боеви за 74 проценти во однос на договорот Старт од 1991 година.
Новиот договор за намалување на нуклеарното вооружување, постигнат по долготрајни, неретко тешки преговори, на САД и на Русија им остава доволно нуклеарни боеви глави за повеќекратно уништување на Земјата, но предвидува помалку да ги насочуваат една против друга.
извор: „Макфакс“