Американскиот претседател во заминување Барак Обама го поздрави во Белата куќа новоизбраниот претседател Доналд Трамп, за да го координираат непречениот трансфер на власта, јавува „Макфакс“.

Обама и Трамп речиси претходно и да немаа директни контакти. За време на претседателската кампања во која Обама енергично се ангажираше на страна на својата сопартијка Хилари Клинтон, Трамп и Обама жестоко се конфронтираа, но на состанокот во Белата куќа непријателствата ги оставија зад себе.

Првата дама Мишел Обама приватно во резиденцијата во Белата куќа ќе се сретне со сопругата на Трамп, и идна прва дама, Меланија.

Обама рече дека без оглед на сериозните разлики со Трамп, ќе го следи примерот на поранешниот републикански претседател Џорџ Буш во 2008 година и ќе се погрижи предавањето на власта да мине мазно.

OhridNews