СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 34-годишно лице од Прилеп и 55-годишно лице од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“.
Тие, на 31.08.2019, а потоа и на 01.09.2019 година, неовластено, од „Instagram“ профил, сопственост на вработен во Шумска полиција, презеле фотографии и ги поставиле на социјалната мрежа ,Facebook“ постирајќи недолични содржини и коментари, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
OhridNews