Министерството за образование ги објави резултатите од Конкурсот за прием на студенти запишани во прва година на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Македонија за студиската 2018/2019 година.

Во охридскиот студентски дом „Никола Карев“ се примени 22 студенти кои доаѓаат од други градови од Македонија.

По објавување на списокот, студентот има право на приговор во рок од 5 дена кој се поднесува во Министерството за образование и наука, до Комисијата за прием на студенти во градовите Битола, Охрид и Прилеп.

OhridNews