Период на жалост на британското кралско семејство за кралицата Елизабета Втора ќе трае од сега до седмиот ден по погребот, соопшти Бакингемската палата. Датумот на погребот на кралицата сè уште не е потврден.
По смртта на Нејзиното Височество Кралицата, желбата на неговото височество кралот е од сега до седум дена по погребот на кралицата да се почитува период на кралска жалост, се вели во соопштението.
Одделно од националната жалост, која се очекува Bладата да ја прогласи денеска, кралската жалост треба да ја почитуваат „членовите на кралското семејство, персоналот на кралското домаќинство и претставниците на кралското домаќинство на службени должности, заедно со трупите посветени на церемонијалните должности“.
Знамињата на кралските резиденции од вчера се на половина копје, и ќе останат на половина копје до 08:00 часот наутро на последниот ден на кралската жалост.
Во Хајд Парк во Лондон, во 14 часот по средноевропско време, топови ќе истрелаат 96 почесни плотуни за секоја година од животот на кралицата, додаде Бакингемската палата.
OhridNews