Патувачко кино на ЕХО Фестивалот на планински филм во Охрид ја објави програмата. Во соработка со Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид, Алпинистички клуб ПАТАГОНИЈА Охрид и Културолошка иницијатива 5 до 12 ќе биде организирана дво дневна филмска програма и 4 презентации.
На 10 ноември во среда ќе може да се погледнат филмовите:
18:00 „Ерик Ескофие, страст за живот“, Гаучи Северин/Бертранд Делапјер, Франција, 2020, 52’
18:52 „Матерхорн – Лавовскиот гребен“, Алесандро Белтраме/Ерве Бармас, Италија, 2021, 35’
21:00 „Со Господ напред, Полјаци“, Адам Нерот, САД, 2020, 88’
Истот ден предвидени се и две презентации:
19:45 Презентација на Културолошка иницијатива 5 до 12: “Со културна револуција до еволуција“
20:15 Презентација на Дејан Ангелоски: „Од Шара до Пиринеи“
На 11 ноември односно во четврток ќе може да се погледнат следните филмови:
18:00 „Песни на Духовите од водата“, Николо Бонџорно, Италија, 2020, 100’
21:00 „П3“, Ден Вилан/Ронгкин Су, Канада, 2021, 14’
„Исповедувањата на еден тркач“, Бачар Катар, Либан, 2020, 29’
„Миртл Симпсон – живот на мраз“, Ли Ен Сајдс, САД, 2019, 34’
Во рамките на програмата на 11 ноември предвидени се и презентациите:
20:00 Презентација на ПСС Охрид: „Нашите активности“
20:30 Презентација на Игор Талевски: „Ултра долги уживања на велосипед“.
Програмата ќе биде реализирана во просториите на центарот на Планинската Спасителна Служба при Црвен крст Охрид со почетокот од 18 часот на 10 и 11 ноември.
OhridNews