Деновиве од печат излезе најновата книга со хаику поезија „Стрмец во хаику скротен“ од авторот Пере Ристески. Во книгата се поместени 70-тина хаику песни, кои тематски се поврзани со ветрот стрмец, карактеристичен за охридскиот регион.

  • Авторот на книгата е вистински хаику мајстор, кој ги води читателите низ тајните на хаикуто, експериментирајќи со него, модернизирајќи го и доближувајќи го културолошки до читателот, велат од издавачката куќа.

Ристески е автор на девет книги поезија, од кои пет со хаику поезија. Неговата поезија е преведена на голем број јазици и редовно се објавува во книжевни списанија во Европа и светот. Добитник е на значајни интернационални признанија, дипломи и пофалници.

Книгата е поддржана од Општина Охрид, во издание на ПНВ публикации од Скопје.

OhridNews