Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Драган Канатларовски, денес го објави списокот на повикани играчи за квалификациските средби за Еуро 2023 против Франција и Србија.
На списокот на Канатларовски се најдоа:
Голмани: Давид Денковски (Брегалница), Марко Алчевски (Академија Пандев), Стефан Тасев (Македонија ЃП);
Одбрана: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи), Мартин Величковиќ Радуловиќ (Пелистер), Метју Божиновски (Мелбурн Виктори, Австралија), Марио Младеновски (Ботев Пловдив, Бугарија), Бесник Ферати (Академија Пандев), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Јован Манев (Брегалница);
Средина: Агон Елези (Вараждин, Хрватска), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Али Адем (Шкупи), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Лука Станковски (Работнички), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Димитар Тодоровски (Работнички), Методи Максимов (Работнички), Емир Скендери (Струга Трим Љум), Лука Трајковски (Борец);
Напад: Стефан Чолаковски (Мелбурн Сити, Австралија), Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија).
Натпреварот со Франција ќе се игра во Ле Ман на 2 септември, додека со Србија на 7 септември во Охрид на стадионот „Билјанини извори“. Европското првенство 2023 година ќе се игра во Романија и Грузија.
OhridNews