Серија А и официјално го објави распоредот на натпреварувањата по рестартот на лигата на 20 јуни, потврдувајќи дека дербито меѓу двата првопласирани тимови Јувентус и Лацио ќе се оддржи во вечерен термин во понеделник, на 20 јули.

Мечевите ќе се играат во 16.15 часот, 18.30 часот и 20.45 часот, откако фудбалерите се побунија против идејата да се игра попладне на италијанското сонце. Од 20 јуни до 23 јули има само пет дена без мечеви (25 јуни, 29 јуни, 3  јули, 10 јули и 17 јули).

Торино и Парма ќе го отворат рестартот на во сабота на 20 јуни, по што следува мечот Верона-Каљари истиот ден. Аталанта-Сасуоло и Интер-Сампдорија, другите два заостанати меча од 25. коло ќе се играат во недела. Последните три кола, 36., 37. и 38. ќе бидат објавени подоцна.

OhridNews