Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски” распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2021 година, соопшти Министертсвото за култура.

Со државната награда „Св. Климент Охридски” се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Конкурсот трае од 1 до 30 септември 2021 година, се вели во соопштението на Министерството за култура.

Конкурсот е достапен и на веб-страницата на Министерството за култура.

OhridNews