Македонското еколошко друштво, партнер спроведувач на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), објавуви јавен повик за финансиска поддршка за развој на одржлив туризам во заштитеното подрачје Споменик на природата (СП) „Вевчански извори“, како алатка за спроведување на шема за плаќање за екосистемски услуги.
Одржливиот туризам креира долгорочна стратегија за успех, користи регулаторни рамки и се поврзува со другите економски сектори, се стреми да го отстрани притисокот врз природните екосистеми и да соработува со локалите заедници за да поттикне инфраструктурни придобивки и социоекономска стабилност истовремно одржувајќи го културниот интегритет и биолошката разновидност и квалитетот на животната средина, се наведува во повикот.
Вкупната поддршка, како што стои во Јавниот повик, е во максимален износ од 55.000 CHF (3.149.850 МКД). Притоа, за управување на проектот дозоволен е максимум од 30% од вкупниот предложен буџет, додека пак за трошоци за маркетинг и промоција на СП „Вевчански извори“ како дестинација за одржлив туризам довозлен е максимален износ од 25% од вкупниот предложен буџет.
Дополнително, Општина Вевчани, како управувач на заштитеното подрачје СП „Вевчански извори“, го става на располагање Mултикултурниот центар „Коста Србакоски“ кој понудувачиот ќе има право да го користи (канцеларии, сали за состаноци, изложбна просторија и сл.), па соодветно на тоа ќе треба да го земе предвид во подготовка на апликацијата за јавниот повик. Условите за користење на Mултикултурниот центар ќе бидат дополнително детализирани во договор кој ќе биде потпишан помеѓу општината и избраниот понудувач.
Јавниот повик е отворен до 09.03.2022 година до 15 часот.
OhridNews