Дел од дополнителни инфо табли на спомениците од античниот период во Скопје, кои објаснуваат дека тие се дел од хеленската (грчка) историја, а кои беа поставени вчера, во текот на ноќта се бојадисани со спреј. Покриена е содржината на таблите, на кои е испишана ознаката „Мк“.
Слична акција во текот на ноќта била изведена и во Битола.
Поставувањето на овие инфо табли произлегува од обврските во Преспанскиот договор.
OhridNews