Организацискиот Одбор на манифестацијата „1. Детски Прличеви беседи“ ги објави резултатите од распишаните конкурси за учениците од основните и средните училишта од цела Македонија по повод 25 март 1860 година кога Григор Прличев добива лаворов венец и награда за поемата „Сердарот“ како победник на конкурсот во Атина.

I. Конкурс за најдобра поетска творба

(категорија основно образование)

1. Аспасија Чочороска, VIII одд., ООУ „Страшо Пинџур“ – Вевчани, ментор: Роза Китрозоска
2. Ана Николова, VII одд., ООУ „Страшо Пинџур“ – Неготино, ментор: Милена Златковиќ
3. Матеј Велков, VII одд., ООУ „Даме Груев“ – с. Ерџелиja, ментор: Катерина Алексова-Наумова

(категорија средно образование)

1. Симона Димитриеска, I-7, ОСУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид
2. Ива Јованоска, IV-3, ОСУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид, ментор: Маријана Танеска
3. Давид Цветковски, III-1, СУГС ,,Панче Арсовски’’ – Скопје, ментор: Даниела Јовчевска-Михајловска

II. Конкурс за најдобар есеј

(категорија основно образование)

1. Теодора Наумова, VI-2 одд., ООУ „Григор Прличев“ – Охрид, ментор: Силвија Мојсоска
2. Марко Макалоски, VI-Г одд. ООУ „Кире Гаврилоски Јане“ – Прилеп, ментор: Љупчо Петрески
3. Христијан Темелков, VII-3 одд., ООУ „Григор Прличев” – Охрид, ментор: Лилјана Ставреска

(категорија средно образование)

1. Мартина Настевска, III-2, ОСУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид
2. Иво Георгиески, I-7, ОСУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид

III. Конкурс за најдобар рецитатор

(категорија средно образование)

1. Константина Крежеска, IV-5, ОСУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид
2. Јована Лазаревска, III-2, СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово, ментор: Лидија Ристовска
3. Александар Илиевски, IV, АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје, ментор: Катерина Јакимовска

IV. Конкурс за најдобар оратор

(категорија: средно образование)

1. Сара Петкоска, III-3, ОСУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид
2. Ѓорѓи Целески, IV-6, ОСУ „Свети Климент Охридски“ – Охрид
3. Александра Ристевска, I-2, ДСУ „Спортска академија“ – Битола.

Манифестацијата „1. Детски Прличеви беседи“ ќе се одржи на 30 март, сабота, со почеток во 13 часот, во спомен-куќата на Григор Прличев, во соработка со Општина Охрид.

OhridNews