Општина Охрид ги објави конкурсите за доделување на стипендии за учениците од основните и средните училишта и студентските стипендии.

Општина Охрид доделува стипендии на ученици кои се запишани во основните општински училишта за 9 (девет) месеци во текот на една учебна година, а износот изнесува 2.000,00 денари месечно. Стипендиите се доделуваат во три категории: за талентирани ученици (од IV, V, VI, VII, VIII и IX одделение); за ученици кои живеат во потешки социјални услови (од VI, VII, VIII и IX одделение) и за посебни остварувања на ученици од I, II, III, IV, V, VI, VII,VIII и IХ одделение и истите се неповратни. Повеќе информации на линкот.

Стипендии на ученици од средни училишта ќе бидат доделени за талентирани ученици (од I, II, III и IV година), за ученици кои живеат во потешки социјални услови (од I, II, III и IV година) и за посебни остварувања на ученици од I, II, III и IV година. Стипендиите се неповратни и се доделуваат за 9 (девет) месеци во текот на една учебна година во износ од 2.000,00 денари месечно. Повеќе информации на линкот.

Општина Охрид доделува и стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии во I година на државните универзитети во Република Македонија и на државни универзитети во други земји за академската 2023/2024 година кои живеат во потешки социјални услови.

Стипендиите се доделуваат за 9 (девет) месеци во текот на една академска година, а износот на стипендијата изнесува 3.000,00 денари месечно.

Стипендиите се доделуваат во две категории: за редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии во I година на државните универзитети во Република Македонија за академската 2023/2024 кои живеат во потешки социјални услови и за редовни студенти од Општина Охрид запишани на
додипломски студии во I година на државни универзитети во други земји за академската 2023/2024 година кои живеат во потешки социјални услови. Повеќе информации за начините на аплицирање на линкот.

OhridNews