Министерството за образование и наука денеска ги објави конкурсите за доделување ученички стипендии за учебната 2023-2024 година во неколку категории.
Објавен е Конкурс за доделување 50 стипендии за талентирани ученици од средното образование од областа на уметностите од јавните и приватните средни училишта, Конкурс за 100 стипендии за талентирани ученици од средното образование (освен за талентирани ученици од средното образование од областа на уметностите) од јавните и приватните средни училишта, Конкурс за доделување 150 стипендии за талентирани ученици спортисти од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија.
Двесте стипендии се предвидени со Конкурсот за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, кожа и слични производи од јавните и приватните средни училишта, како и 400 стипендии за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните средните училишта.
Илјада и петстотини стипендии се наменети за ученици кои се запишани во паралелки во стручно образование (дуални паралелки) во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование. Конкурсот не се однесува на ученици од здравствените струки од јавните средни училишта.
Објавени се и: Конкурс за доделување 900 стипендии за социјална поддршка на ученици од јавните средни училишта, Конкурс за доделување 150 стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта и Конкурс за доделување 50 стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во дрѓавава.
Конкурсите се објавени на веб-страницата на Министерството за образование и наука и во секој од нив се содржани информации за износот на конкретната стипендија, начинот и рокот за аплицирање.
OhridNews