Општина Охрид ги објави ранг листите на добитниците на ученички, студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во Република Македонија.
Стипендиите се доделуваат врз основа на претходно распишан Јавен повик, а се однесуваат на талентирани ученици и ученици кои живеат во потешки социјални услови во основните и средни училишта, стипендии за редовни студенти на додипломски студии во I година кои студираат на државните универзитети во РМ кои живеат во потешки социјални услови, како и стипендии за редовни студенти на додипломски студии во I година кои студираат на државните универзитети во други земји кои живеат во потешки социјални услови.
Повеќе информации на линкот.
OhridNews