Mинистерствотo за земјоделство, шумарство и водостопанство ги објави јавните повици за концесии за вршење комерцијален риболов и организирање на рекреативен риболов на Охридско Езеро.

Со новиот Закон за рибарство е направен нов пристап во користењето и заштитата на рибниот фонд во Охридското Езеро. Езерото е поделено на 7 риболовни зони наменети за комерцијален риболов и тоа риболовна зона „Радожда“, „Калишта“, „Струга“, „Воска“, „Охрид“, „Пештани“ и „Трпејца“.

  • Риболовна зона „Радожда“ која ја опфаќа водната површина на езерото од државната граница со Република Албанија до населбата Елен Камен, односно до раскрсницата на патот кој води за Струга со долниот пат кон населбата Елен Камен и 2 km во внатрешноста на езерото, освен делот определен како рекреативна зона за всидрен пловен објект кај кампот Ливадишта како и заштитените зони во езерото на кои е забранет риболов со закон;
  • Риболовна зона „Калишта“ која ја опфаќа водната површина на езерото од населбата Елен Камен, односно од раскрсницата на патот кој води за Струга со долниот пат кон населбата Елен Камен до одморалиштето Мајски Цвет кај Струга и 2 km во внатрешноста на езерото, како и заштитените зони во езерото на кои е забранет риболов со закон;
  • Риболовна зона „Струга“ која ја опфаќа водната површина на езерото од одморалиштето Мајски Цвет до бензиската пумпа на Макпетрол кај село Подмоље, односно до патот кој ги спојува стариот и новиот пат за Охрид и 2 km во внатрешноста на езерото, освен делот на водната површина определен како рекреативна зона за всидрен пловен објект кај кампот АС, како и заштитените зони во езерото на кои е забранет риболов со закон;
  • Риболовна зона „Воска“ која ја опфаќа водната површина на езерото од бензиската пумпа на Макпетрол кај село Подмоље, односно патот кој ги спојува стариот и новиот пат за Охрид до манастирот „Св. Јован Канео“ и 2 km во внатрешноста на езерото, освен деловите на водната површина Грашница и Далјан определени како рекреативна зона за всидрен пловен објект, како и заштитените зони во езерото на кои е забранет риболов со закон;
  • Риболовна зона „Охрид“ која ја опфаќа водната површина на езерото од манастирот Св. Јован Канео до пумпната станица на водовод кај село Конско после хотелот Гранит и 2 km во внатрешноста на езерото, освен делот на водната површина на езерото определена како рекреативна зона за всидрен пловен објект, каналот Студенчишта, како и заштитените зони во езерото на кои е забранет риболов со закон;
  • Риболовна зона „Пештани“ која ја опфаќа водната површина на езерото од пумпната станица на водовод кај Конско после хотелот Гранит до Близни Камења и 1 km во внатрешноста на езерото освен деловите на водната површина Камп Градиште, Камп Елешац, Метропол и Униерзитетско одморалиште определени како рекреативна зона за всидрен пловен објект како и заштитените зони во езерото на кои е забранет риболов со закон и
  • Риболовна зона „Трпејца“ која ја опфаќа водната површина на езерото од Близни Камења до државната граница со Република Албанија кај Свeти Наум и 1 km во внатрешноста на езерото, освен делот определен како рекреативна зона за всидрен пловен објект кај кампот Љубаниште, изворите кај Свeти Наум, како и заштитените зони во езерото на кои е забранет риболов со закон.

Риболовна зона „Далјан“, пак, го опфаќа делот на реката Црн Дрим во местото викано Дивљак во Струга и тоа од регулациониот објект на хидроцентралата Глобочица кај црквата Света Петка до местото каде вештачкото корито на Мал Дрим се влива во реката Црн Дрим за вршење комерцијален риболов на рибата јагула.

Rиболовните зони во подрачје „Охридско Езеро“ и риболовното подрачје „Црн Дрим“ се доделуват на користење за период од 12 години. Концесионерот, меѓудругото, треба да има вработено потребен број лица – рибочувари предвидени во риболовната основа, да поседува или користи најмалку еден пловен објект и техничка опрема за вршење на контрола и надзор, се посочува во повикот.

Во поглед на рекреативниот риболот, рекреативната зона „Охридско Езеро“  го опфаќа делот на Охридското Езеро кој припаѓа на територијата на Република Северна Македонија, каналот Студенчишта како и Коселска Река, Велгошка Река, реките Черава и Сатеска и нивните притоки, освен деловите на водната површина на езерото определени како риболовни зони, изворите кај „Свети Наум“ и заштитените зони во езерото на кои е забранет риболов со закон.

Рекреативна зона “Црн Дрим и акумулација Глобочица” го опфаќа течението на реката Црн Дрим од истекот од Охридското Езеро со притоките, освен делот кој е определен како риболовна зона, водните површини на ледничките езера Подгоречко Езеро, Вевчанско Езеро, Горно Лабунишко Езеро и Долно Лабунишко Езеро, како и водната површина на акумулацијата Глобочица.

Н.С.Ј.