Објавени јавни повици за финансиска поддршка преку Програмата за социјална и здравствена заштита на на Општина Охрид за 2024 година.
За буџетската 2024 година Општина Охрид согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со најтешка форма на попреченост во училишна возраст, кое не е корисник на стипендија или друг вид на поддршка од општина Охрид.
Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на деца кои се на училишна возраст но поради степенот на попреченост не се во можност да посетуваат настава и се лекуваат во домашни или болнички услови. Предвидената финансиска поддршка изнесува 15.000,00 денари по семејство. За оваа намена во буџетот на општина Охрид за 2024 година се предвидени 150.000,00 денари, стои во повикот.
Повеќе детали на линкот.
Согласно програмата за социјална и здравствена заштита, Општина Охрид, предвидува еднократна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид.
Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на лица (деца) кои се згрижени во семејства што опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопственото семејство. Предвидената финансиска поддршка изнесува 10.000,00 денари по згрижено дете, се наведува во повикот.
Во буџетот на општина Охрид се обезбедени 120.000 денари за оваа намена. Повеќе детали на линкот.
Општина Охрид доделува и ученички, студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на магистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и универзитети во Реублика Македонија, а се однесуваат на лица со ретки болести и посебни потреби во Општина Охрид за учебната 2023/2024 година.
Стипендиите се доделуваат за 9 (девет) месеци во текот на една учебна година. Износот на стипендијата изнесува 2.000,00 денари за учениците со ретки болести и посебни потреби кои се запишани во основно и средно образование, и 3.000,00 денари за студентите, магистрантите и докторантите на државните и приватните универзитети во Република Македонија. Стипендиите се неповратни.
Подетални информации за повикот на линкот.
OhridNews