Објавен е јавен повик за Мерката 112 со кој се обезбедува помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност. Вредноста на грантот изнесува 600.000 денари или 10.000 евра, односно 100 проценти од направените трошоци, соопштија денеска од владината прес-служба.
Преку мерки и проекти нашата заложба како Влада е да инвестираме во развој на македонското земјоделство, истото да го направиме поконкурентно на пазарот и да отвориме нови работни места за да го зголемиме доходот на земјоделците, посочуваат во соопштението.
Условите кои треба да се исполнат се лицето кое аплицира да биде на возраст од 18 до 40 години, истиот за првпат да започнува со земјоделска активност, да преземе постоечко или воспостави ново земјоделско стопанство и да е запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства во последните 18 месеци.
Крајниот рок за доставување на барањата е до 9 мај годинава.
OhridNews