Општина Охрид објави јавен повик за финансирање проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот за 2025 година. Целите како што е наведено во повикот е поддршка на локалниот економски развој и туризмот преку партиципативно учество на заедницата од општествена важност и кои произлегуваат од заедницата; активни мерки за подобрување на конкурентноста на пазарот на физички лица производители, фармери; градење на партнерства и соработки, поттикнување на брендирање на производи и услуги во локалната економија, преземање на активности во насока на рационална употреба на ресурси и др.

Во целите се посочуваат и зајакнување на локалниот економски развој и туризмот, преку воспоставување соработки и партнерства, зголемени можности за подобрување на пристапот до пристојно вработување и зголемување на приходите за различните категории на граѓани, пристап до подобрена едукација и вештини во секторите, обезбедување на поцелосно застапување на конкретни локални/регионални интереси преку зајакнување на локални/регионални иницијативи и поврзување на засегнатите страни на локално/регионално ниво со цел да се создадат конкурентни туристички производи, како и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во заедницата и развивање на свеста за економската важност, социјалните и другите ефекти од туризмот, како и потребата и важноста од зачувување и подобрување на сите елементи на туристичката ресурсна база на охридската туристичка дестинација, а особено заштитата на животната средина како и природното и културното наследство во согласност со принципите на одржлив развој и препораките на УНЕСКО.

Вкупниот износ за овој повик изнесува 2.500.000.00 денари. Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант), а максималниот износ за подршка по проект изнесува 300.000,00 денари.

Повеќе детали за повикот на линкот.

OhridNews