Општина Охрид објави јавен повик за финансирање проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот за 2024 година.

Целта како што е наведено во повикот е зајакнување и поддршка на локалниот економски развој и туризмот, обезбедување на поцелосно застапување на конкретни локални/регионални интереси преку зајакнување на локални/регионални иницијативи и поврзување на засегнатите страни на локално/регионално ниво со цел да се создадат конкурентни туристички производи, како и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во заедницата и развивање на свеста за економската важност, социјалните и другите ефекти од туризмот, како и потребата и важноста од зачувување и подобрување на сите елементи на туристичката ресурсна база на охридската туристичка дестинација, а особено заштитата на животната средина како и природното и културното наследство во согласност со принципите на одржлив развој и препораките на УНЕСКО.

Кандидати кои можат да аплицираат се, здруженија на граѓани и месни и урбани заедници со седиште во Општина Охрид како матична општина каде ќе се спроведуваат проектните активности. Истите да се регистрирани најмалку две години пред објавата на повикот.

Вкупниот износ за овој повик изнесува 1.050.000.00 МКД.

Крајниот рок за прием на пријавите е 15 дена од денот на објавување на веб страната на општина Охрид до 14:30 часот. Секоја пријава што ќе пристигне по завршувањето на крајниот рок ќе биде автоматски одбиена.

Повеќе детали за повикот на линкот.

OhridNews