По завршувањето на распишаниот Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски – Патрон на градот, жири комисијата во состав: м-р Перчо Божиновски (претседател), проф. Светлана Велкоска (член), проф. Светлана Огненова (член), донесе одлука за избор на најдобрите литературни творби посветени на Свети Климент Охридски.

Жири –комисијата одлучи први награди да им бидат доделени на следните творби:

  • Во I категорија за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) поетска творба: „Животот и делото на Св. Климент Охридски” шифра: Светлина
  • Во II категорија за учениции од предметна настава (од шесто до деветто одделение) поетска творба: „За учителот” шифра: Климентов Универзитет
  • Во III категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година) поетска творба: „Климент Охридски – Патрон на градот Охрид” шифра: 1840

Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура најдоцна до 6.12.2024 година (16.00 часот) и со себе да го понесат примерокот од творбата со која конкурирале за да го докажат своето авторство, велат од Општина Охрид.

OhridNews