Денеска е објавен јавниот повик за прием на 300 професионални војници 10 подофицери во македонската Армија, информира министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
Премиерот минатата недела извести дека ќе објавиме конкурси кои ќе значат нова свежина во редовите на Армијата. Затоа сакам да најавам дека денеска објавивме Јавен оглас за прием на нови 300 професионални војници и Јавен оглас за 10 подофицери во македонската Армија, а следува и огласот за прием на 60 лица со завршено високо образование во офицерски чин.
Ова е, додава Мисајловски, одлична можност за сите млади и мотивирани мажи и жени од сите етнички заедници, кои сакаат својата работна кариера да ја посветат во заштита на мирот и безбедноста на државата и на граѓаните.
OhridNews