Парот Англија – Германија е најзвучна двојка во осминафиналето на Европското првенство. Мечот ќе се одигра в среда (30 јуни) на култниот стадион „Вембли“. Англичаните се во добра форма, победувајќи на два од трите мечеви во групата, без да примат погодок. Германците, пак, на второто место завршија во групата на смртта каде уште беа Франција и Португалија.

Не радува фактот што ќе играме на „Вембли“. Таму ќе можеме да го покажеме најдобро од нас, а сигурно ќе биде мотивирачки и за Англија, која ќе биде домаќин. Групната фаза е зад нас, таму не одигравме најдобро, затоа мислам дека многу ќе се подобриме во мечот со Англија. Пример треба да ни биде натпреварот со Португалија кој го одигравме маестрално, – рече германскиот селектор Јоаким Лев.

Германците имаат подобар скор од англичаните, но овој пат по подолго време „гордиот албион“ е поквалитетен и фаворит на хартија.

OhridNews