Селекторот на „панцирите“ Јоаким Лев ги пречкрта Томас Милер, Жером Боатенг и Метс Хумелс и најави нова ера во германската селекција. Триото кое доаѓа од Баерн Минхен беа дел од репрезентацијата која во 2014 година стигнаа до титулата на Мундијалот во Бразил.

  • Поминаа многу време во репрезентацијата и дадоа голем придонес. Им се заблагодарувам на Хумелс, Боатенг и Милер за успехот и за разбирањето во текот на сите заеднички поминати години. – изјави Лев.

Промените до некаде беа и очекувани во селекцијата на Германија која како бранител на трофејот доживеа дебакл на Светското првенство во Русија. Германската јавност јапобара одговорноста во селекторот, но тој преживеа и на ред беа фудбалерите кои потфрлија или веќе се заситени од националниот дрес.

На социјалните мрежи се огласи Боатенг, кој му се заблагодари на Лев и му порача дека секогаш ќе биде на располагање кога ќе биде потребно за репрезентацијата. Милер и Хумелс немаат ништо искоментирано, а допрва се очекува нивна реакција.

OhridNews