Зошто едноставно, кога може комплицирано. Македонскта ракометна репрезентација синоќа во Кале се намачи , а богами ги намачи и љубителите на ракометот и со танталови маки минимално со 27:26 ја совлада репрезентацијата на Израел. Со 4 -та  победа во исто толку натпревари македонскта ракометна репрезентација избори место во баражот за ЕП во Норвешка  2008.


тешка битка

Натпреварот започна лошо за македонската репрезентација која одигра катастрофално во првото полувреме кое го загубивме со 10:12.Првиот дел ја “красеше” брзоплетоста во играта, многуте технички грешки, а нашите репрезентативци немаа решение против корпулентниот Дарушенко на голот . Нашата неконцентрирана играа гостите знеа во целост да ја искористат ,уште на стартот направија серија од 6:1, предност која ја задржаа во првиот дел .

Фуриозниот старт на вториот дел донесе израмнување и водство од 14:13. ,Кога сите помислија дека е готово,следуваше индолентна игра на репрезентативците кои сакајки да го понижат противникот не реализираа неколку зицери, а таквата игра им се врати како бумеранг . Израелците ги консолидираа своите редови , заиграа како по ноти и на 10 минути пред крајот имаа +4 .Во последните 10 мин за пресврт се погрижи најдобриот стрелец на натпреварот Лазаров ,кој со 4 гола во серија од вкупно 12 го израмнивме резултатот и ја врати публиката во игра во Кале. Победонсниот гол на 90 секунди пред крајот беше дело на Димоски ,последниот напад го имаа  израелците но ударот заврши во гредата .


во среда во Охрид против Србија

Нашиот нареден противник во групата репрезентацијата на Србија го совлада Луксембург со 40:24 .Македонскта репрезентација се очекува во Охрид да пристигне во понеделник ,а во вечерниот термин во СРЦ “Билјани Извори“  треба да го одржи првиот тренинг .
Натпреварот против Србија се игра во среда со почеток во 18.00часот.

Мирко Постолоски