Екипата на „ГРК Охрид“ максимално се подготвува за дерби натпреварот со Алкалоид во 2 коло во Супер лигата, што се игра претстојниот викенд. Ќе дадеме се од себе во битката со вицепрвакот, најави крилото на ГРК Охрид Гоце Ојлески.

Во недела играме против вицепрвакот на Македонија. Самото тоа кажува за квалитетот на Алкалоид кој е составен од македонски репрезентативци, оваа година засилен со неколку нови ракометари. Оќекувам тежок натпревар. Ние се подготвуваме максимално и ќе дадеме се од себе за да одиграме најдобро што можеме, вели Ојлески.

 

Натпреварот се игра во недела во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18:30 часот.

OhridNews