Ракометарите на Охрид во рамки на 21-то коло од Супер лигата во сабота ја пречекуваат екипата на Вардар.
Вардар е екипа која цели високо и секогаш се бори за титула. Наша задача е добро да се подготвиме за овој натпревар, сакаме да одиграме максимално квалитетно пред нашата публика и да биде еден празник за ракометот во Охрид. Ги повикувам нашите навивачи да дојдат во што поголем број и да ни бидат ветар во грб за што подобар резултат, вели ракометарот на ГРК Охрид, Гоце Ојлески.
Натпреварот се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18 часот.
OhridNews