Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи продолжуваат да преземаат дејствија во предистражна постапка во Клиниката за онкологија.
Како што денеска информираат од Јавното обвинителство, акцијата е спроведена врз основа на наводи во новинарски текстови поврзани со работата на Клиниката.
Во текот на вчерашниот ден, врз основа на судска наредба, по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, припадници на МВР извршија претреси на Клиниката за онкологија, како и на уште две локации во приватни станови во Скопје.
Притоа се одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација, кои ќе бидат предмет на анализа и вештачење.
Проверките се прават со цел обезбедување докази за да се испитаат евентуални обележја на кривично дело, се наведува во денешното соопштение од Обвинителството.
Министерот за здравство Фатмир Меџити денес изрази силна поддршка за акцијата на обвинителството и полицијата во однос на последните случувања на Клиниката за Онкологија
Како министер силно ги осудувам сите обиди или дејствија, на поединци или групи кои преку дискрециони овластувања и начини на носење на одлуки во сопствена корист, направиле ненадоместива штета врз здравјето и животот на пациентите, граѓаните и државата. Очекувам институциите да се произнесат брзо по однос на истрагата, веи Меџити.
Aкциите следуваат по објавата на информациите дека вработени во клиниката незаконски препродаваат лекови на пациенти.
OhridNews
фото. МИА