Познатиот крем „Нутела“, на италијанскиот производител Фереро, се произведува на пет континенти од состојки кои потекнуваат од целиот свет, па затоа е вистински симбол на глобализацијата, се наведува во студијата на OECD која се занимава со индустриските брендови. Често оспрувана, а редовно имитирана, „Нутела“ е вистински производ на марки кои го освоиле светот. во истражувањето е наведено дека годишно близу 250 илјади тона од свој крем се произведуваат во девет фабрики ширум светот, пет во Европа, односно Франција, Германија, Полска и две во Италија, потоа една во Русија, една во Канада, две во Јужна Америка, Аргентина и Бразил и една во Австралија.

Сите овие производни центри користат суровини од различни делови на светот, лешник од Турција, палмино масло од Малезија, какао од Нигерија, шекер од Бразил и Франција, ванила од Кина и Франција и уште избрано млеко кое се произведува во земјата во која е сместена фабриката. Дистрибуцијата се врши преку 75 продажни центри ширум светот, а главните центри на дистрибуција се наоѓаат во Европа, Северна и Јужна Америка и Океанија. Во Азија не постои ниту една фабрика на „Нутела“, затоа што овој сладок крем од лешник не е популарен на азискиот континент. Наместо него, во Азија има побарувачка за друг бренд на Фереро, „Rocer“, кој се произведува во една фабрика во Индија.