Со повлекувањето од ММА борбите, Конор МекГрегор утрово ја шокираше јавноста. Сите имаа пофални зборови за ирскиот борец, а специјална порака за повлекување имаше Хабиб Нурмагомедов кој беше последен ривал на МекГрегор. Ирецот ја загуби борбата, која ќе остане запаметена по инцидентите кои се случија во и надвор од рингот после завршувањето на борбата.
- Има само еден крал во џунглата. Само еден. – вака напиша Нурмагомедов на социјалните мрежи поставувајќи своја слика со титулата.
За инцидентите и физичките пресметки двајцата ММА борци добија суспензии и парични казни. Нурмагомедов доби суспензија од девет месеци и парична казна од 500 000 долари, додека МекГрегор доби забрана за натпреварување шест месеци и парична казна од 50 000 долари за насилство на јавно место. Казни добија и лицата од стручните штабови кои исто така учествуваа во масовната тепачка.
OhridNews