Олимписките игри завршија, но олимпискиот дух и понатаму владее. Тоа го покажаа и натпреварувачите на Светското нуркачко првенство во мочуриште кое се одржа во Велс.
необичен спорт
Натпреварувачите со цевки, маски и пераи, а бројни и со вечерни фустани, мораа да препливаат 110 метри низ каливиот поток. Без оглед на дождот натпреварувачите ги бодреа неколку стотини луѓе. За да биде трката уште потешка организаторите им забранија на натпреварувачите да пливаат краул, па мораа да пливаат кучешки. Рекордот на стазата е минута и 35 секунди.
ohridnews