Учесниците на Вториот спортски-едукативен камп „Охрид 2017“ во организација на Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ одново имаа богат и исполнет ден. Во претпладневите активнисти едреа со преставници од клубот „Акватика“, додека попладне нуркачките инструктори Емил Јовановиќ и Васко Николовски им презентираа се околу нуркање теоретски и практично.
На четвртиот ден од кампот учесниците ќе го посетат Охрид и ќе ги разгледаат неговите убавини, а од спортските задачи ќе имаат воздухопловно моделарство.
OhridNews