Нуркачите кои се грижеа за безбедноста на капачите кои скокнаа во ладните езерски води да го фатат светиот крст, имаа доста работа. Поради премрзнатост еднен од капачите буквално колабираше во вода. Благодарение на присебната интервенција на нуркачите и екипата на Црвениот крст, младото момче беше безбедно извадено од студената вода и пренесено на копно каде му беше укажана неопходна лекарска помош.


Нуркачите спасуваа премрзнати капачи

Ohridnews