Членовите на нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид на атрактивен начин ја најавија Стара нова година. Tие кај музејот на вода во Градиште, го запалија традиционалниот василичарски оган во водите на Охридското Езеро.

На овој начин нуркачите од „Амфора“ на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица и се вклучуваат во организацијата на градот Охрид за одбележување на претстојните празници Богојавленије – Водици и Св. Јован крстител – Денот на рибарите.

Нуркачите од „Амфора“ – Охрид на несекојдневен начин ја најавија Стара нова година

OhridNews